Од средината на септември ,,Pepe Jeans“ започна со лансирање на новата колекција на машки и женски парфем. Освен луксузното пакување овие парфеми имаат многу впечатлив, привлечен мирис. Колекцијата е креирана од  Jerome Di Marino, како продолжение на  ,,Celebrate“ од ланската година.

Пакувањето на овие парфеми е луксузно, женскиот парфем е во форма на коктел чаша, а машкиот во форма на шејкер.

 

Pepe Jeans Celebrate for Her е цветно-ориентален парфем со нежна, топла арома. Содржи солено-блага нота пропратена со мирис на бел бибер, костен. Во срцето на таа рома се спојува и мирисот на кавијар, виски и слатка база на тоник, ванила, амбер и кашмир.

 

Celebrate for Him содржи класична арома. Совршен спој на ,,сензуална свежина“ која е составена од ароматични, овошни, гурмански ноти. Лимоново масло, црна рибизла, цимет, жалфија, какао, смрека. Содржи дрвени акорди на бреза, амбер.