Захра Каном Таџ-ес Салтанех била персиска принцеза од династијата Кајар, ќерка на персискиот крал Насер ал-Дин Шах Кајар кој што владеел во периодот од 1848 до 1896 година. Тоа што е интересно за оваа принцеза, е тоа што во денешно време би се сметала за навистина физички непривлечна и одбивна на поголемиот дел од машката популација. Па сепак, историчарите тврдат дека стандардите за убавина во тој период биле многу поинакви од денешните и оваа принцеза била толку посакувана, што дури 13 мажи извршиле самоубиство откако ја одбила нивната љубов. Персискиот поет Ареф Кавзини и ја посветил својата љубовна поема Ey Taj.

   

Покрај својот изглед, оваа принцеза засекогаш ќе остане запаметена во историјата како вистински борец за правата на жените во Иран, каде што тајно одржувала собири каде што се дискутирала за ова прашања, притоа кажувајќи му на своето семејство дека посетува религиозни предавања. Захра дури успеала и да организира и предводи марш за правата на жените до парламентот. Била исклучиво талентирана жена, посветувајќи се на пишување, сликање и свирење виолина. Течно зборувала арапски и француски и била помеѓу првите жени кои го отфрлила хиџабот, па дури и отворено ја критикувала монархијата која што нејзиниот татко ја водел во тоа време, а подоцна ја наследил нејзиниот брат.

   

Позната по тоа што многу често ги рушела стандардите што во тоа време се наметнувале за една класична жена, била помеѓу првите во кругот на кралската фамилија која што се развела од својот тогашен сопруг со кого имале 4 деца. Нејзините дела до ден денес се предмет на проучување на доста престижни универзитети ширум светот меѓу кои влегува и Харвард.