Веќе 165 години низ историјата Луј Витон ни нуди уникатност и гламур во своите производи. Денес овој бренд Ви нуди единствена можност самите да бидете дел од креацијата на луксузот.

Луј Витон Ви нуди уникатна можност самите да го креирате својот производ, со Ваш избор на бои и комбинации, монограми. Подарете уникатен и персонализиран Божиќен подарок на Вашите најблиски. Овде ќе Ви претставиме до каде може да оди Вашата слобода на избор.

Mon Monogram

Станува збор за моделите Speedy и Neverfull торби, патната торба Keepall, како и други мали кожни производи. Mon Monogram предлага повеќе од 200 милиони можни комбинации, широк избор на бои (17 различни), букви (може да се постават помеѓу 1 и 3 иницијали, одвоени или со точки) и ленти (кои можат да бидат вертикални или дијагонални).

Run away- Уникатни обувки

За прв пат во историјата овој француски бренд дозволува сами да си ги дизајнирате Вашите патики. Моделот  е „unisex“, а стартниот избор на материјали е помеѓу кожа, крокодилска кожа или комбинација од двете. Може да го избирате типот на ѓонот, лентите, боите. Покрај тоа, можете да се одлучите за четири опции на монограм и местото на иницијалите.

Unleash creativity

Ви се нуди можност, сами да ги избирате вашите амблеми на чантите, патните торби, паричници. Самата колекција располага со 60 различни дизајни, од кои 5 групи со по 12 етикети.

Иако услугата за персонализација на Луј Витон е достапна во која било од физичките продавници на фирмата, најдобриот начин за креирање дизајн со безброј можности е преку нивната официјална веб-страница: www.louisvuitton.com.