Овој израз за пинап девојките датира уште од 1941 година и потекнува од англискиот јазик pin-up што во буквален превод би значело да се закачи на ѕид и биле прифатени како дел од поп културата. Пинап девојките најчесто биле манекени, актерки, модели или пејачки и нивните фотографии биле закачувани насекаде по ѕидовите, најчесто во војничките простории. Нивната популарност пораснала до тој степен, што пинап девојките од тоа време до ден денес се сметаат за секс симболи, како што билe Бети Грејбл и Мерлин Монро.
Но без разлика што овој тренд го достегнува својот врв во 50-тите години, постојат и модерни пинап девојки како Памела Андерсон, која ја добива оваа титула благодарение на фактот што нејзините слики во Плејбој магазинот се појавувале со години наназад.
Покрај Памела, американската бурлеск изведувач Дита фон Тиз е доста популарна како модерна пинап девојка, како и пејачката Лана Дел Реј, посебно заради нејзиниот изглед и стил.
Но како можете да препознаете пинап девојка? Кај класичните пинап девојки црвениот кармин е задолжителен дел од шминката како и волуменозните природни веѓи, розови образи и кадрава коса. Очите се истакнати благодарение на ајлајнерот и вештачките трепки, што му даваат на овој изглед одредена доза на гламур. Целта е да се истакне женственоста и сексапилноста на еден суптилен начин кој секако нема да помине незабележано.
Следетене на