Плиометријата или поопшто кажано вежба со скокови е специјално дизајнирана за да се постигне доволна брзина, сила и ексползивност. Овој вид на дисциплина го користат спортистите за да станат побрзи и помоќни.
Плиометријата ја подобрува фукнцијата на мускулите, тетивите и нервите па затоа ќе можете да трчате побрзо, да скокате повисоко и да имате силен удар со рака или нога. Плиометријата има огромен број на придобивки за мускулите, тетивите, нервниот систем.
Карактеристично за плиометријата е брзиот премин од екцентрични во концентрични контракции на мускулите, длабинските скокови.
Плиометрискиот тренинг ги активира нервно-мускулните компоненти, ја подобрува ефикасноста на нервниот систем и мускулните перформанси. Со примена на овој метод се подобруваат брзинско силовите способности и експлозивната сила.
Кога ќе започнете, правете ги вежбите полека и сконцентрирано и најважно е да ги изведувате правилно!
Следетене на