Мора да признаеме дека зимата е период од годината кога навистина треба да бидеме креативни со модните парчиња за да ја спречиме целата таа досадна атмосфера на чизми, капути и студеното време. Доволни се следниве неколку совети за да заблескате и оваа зима.
1.Не опуштајте се премногу во удобната облека!
Веруваме дека зимата е период кога студот може да го победи Вашето чувство на префинетост и елеганција. Студените и кратки денови Ве примамуваат да излезете надвор во најдебелата и удобна јакна што ја имате и едноставните ниски чизми. Ваше е дали ќе го ставите комфорот пред стилот.
2. Не претерувајте со акцесоари!
,,Oversize“ капа и шал, ракавици, гломазни чизми, дава негативен ефект врз она што сакавте да го постигнете. За одличен зимски стајлинг изберете еден акцесоар, кој ќе Ве направи забележителна.
3. Бидете креативни!
Зимата е период кога можете да си поигрувате со есенцијалните парчиња гардероба. Тука спаѓа некој интересен капут, чизми, фармерки, шик џемпери, крзно, кожа…
4. Зимски фустани!
Кога зборуваме за комфор и мода заедно, зимските фустани се топ комбинација. Со ова модно парче секогаш ќе изгледате убаво без разлика за која прилика се спремате, само додадете некој акцесоар и соодветни чизми. Мини, миди, макси, со ролка или без – пронајдете модел кој најмногу Ви одговара.
5. Кожни панталони, здолништа, сакоа
На овагодинешната fashion week кожата беше прикажана во многу комбинации. Затоа кожните панталони и здолништа се must have комбинација и за оваа зима. За посмело и тренди комбинирајте ги со кожно сако со чизми до зглоб или штикла.
Следетене на