Македонската дизајнерка Моника Блажевска инспирана од филмот „Медена земја“ и Атиџе Муратова  за новата машка колекција на турскиот бренд Тудорс изработи спектакуларни и уникатни дизајни. Дизајните на Моника вклучуваат кравати, кошули и елеци инспирирани од приказната на документарецот номиниран за Оскар во две категории. Инаку, парчињата се „hand-made“, односно Моника црта со бои на платно, коишто се специјално направени за ткаенини, и кои не се вадат и при перење.

Од сега овие уникатни дизајнирани парчиња може да ги нарачате и онлине преку интернет продавницата на style.mk.