Принцот Хари и Меган Маркл вчера официјално изјавија дека се повлекуваат од своите кралски должности, односно дека планираат да станат финансиски независни од кругот на кралското семејство. Но, без разлика на оваа нивна одлука, тие изјавија дека целосно ќе ги поддржуваат ставовите и постапките на нејзинотот Височество Кралицата Елизабета. Оваа вест дојде како голем шок не само за јавноста, туку и за потесниот круг на кралската палата, посебно заради фактот што со никого не се консултирале и целосно самостојно ја донеле оваа одлука. По серијата скандали кои што кружеа околу потесниот кралски круг, голем дел од луѓето се сложуваат дека не треба да биде никој изненаден од оваа вест и дека тоа се очекувало, само било прашање на време.

Во нивната објава на заедничкиот инстаграм профил, имаат наведено дека планираат да го балансираат своето време помеѓу Обединетото Кралство и Северна Америка, па останува да видиме што навистина ќе биде нивниот следен чекор.