Продавницата The White Collection не очекуваше да се здобие со толку големо медиумско внимание откако во својот излог постави кукла со венчаница како седи во инвалидска количка. Тие на својот инстаграм профил напишаа:

„Овие денови беа навистина исполнети но неверојатни тука во TWC ❤️ Кога го поставивме овој излог, не ни помисливме да го споделиме на нашите социјални мрежи или да го „прикажеме“ но изгледа дека тоа се направи само по себе! Би сакале да им се заблагодариме на сите за љубезните коментари за нашиот излог – бевме опкружени со многу љубов и позитивност, за што се работи во оваа индустрија, нели? 💕 Ако овој излог нешто направи, а тоа е ни покажа колку влијае да се има инвалидска количка во излог, и се надеваме дека како што поминува времето, овој тип на работи нема да предизвикуваат толку големи реакции, затоа што ќе ги има насекаде. Не ни помислувавме дека нашиот излог ќе добие толку многу внимание, но тоа што направи е што отвори (низ целиот свет) дискусија за инклузивноста во оваа индустрија, што може да биде само добра работа!! Ви благодариме уште еднаш за целата ваша поддршка – Сара, Лаура и тимот на TWC xx (Dress- Prunella by @mooshkibridal)“