Предноста во рачните изработки е тоа што можете сами да го одберете накитот по своја желба и вкус. За да се изработи едно парче накит е потребно многу љубов, внимание и секако огромен талент и креативност. Кај овие изработки не само што е важен изгледот многу е важен и квалитетот на изработката. Рачно изаботениот накит ги привлекува дамите кои сакаат да носат нешто поразлично, уникатно, парче кое крие своја приказна, кое се разликува од секојдневниот избор на пазарот.
Екипата на style.mk се запозна со младата и талентирана кретаивка Василка Дупкарска, која изработува уникатен рачно изработен софистициран накит и акцесоари. Нејзините креативни изработки истовремено се нежни, женствени, а од друга страна многу моќни и впечатливи.
На прашањето од каде се појави желбата за рачна изработка, Василка ни одговори дека желбата ја има многу одамна, затоа што и самата уживала во рачно изработен накит и често го нарачувала од други места.
–,,Прво почнав со изработка за мене и за најблиските, па потоа се одлучив да ја проширам изработката. Сега сум многу среќна со тоа што го работам, бидејќи се што изработувам е со многу труд и трпение, целосно се вложувам да од секое парче направам успешна приказна. “
Василка ни откри дека мотивацијата ја црпи од „нејзините“ дами, од задоволството да го носат нејзиниот накит. Со секое ново изработено парче таа добива се поголема мотивација да следното биде уште поубаво и поуникатно. Голем дел од нејзините изработки се достапни online на социјалните мрежи Instagram vd_handmade_jewelry и Facebook под име VD Handmade Jewelry. Ние навистина уживавме во изработките! А според дизјнерката и според големината на нејзините нарачки, голем број на дами од нашата земја, исто така уживаат во квалитетот и убавината на рачно изработениот накит.
Бевме љубопитни па ја прашавме Василка што најмногу бараат нашите дами, кои бои, кои акцесоари. Таа ни одговори:
-,,Поголем дел од клиентите имаат огромна доверба во мене и бараат јас да и предложам или јас да ја дадам идејата за изработката. За боите, па сите бои се барани, зависно од желбата и потребата на клиентот, но можам да заклучам дека најбарани се јаките и впечатливи бои. Во последно време најголем хит се акцесоарите за коса и обетките“.
Оваа амбициозна и талентирана креаторка ни откри дека во план е да отвори нејзиното атеље за рачни изработки, а во процес е промоцијата на рачно изработени фустани, чанти и обувки. За најдоцна два месеци ќе можете да ги погледнете а и ќе станат достапни за нарачка на нејзиниот Facebook и Instagram профил.
Следетене на