Родриго Алвес кој се прослави поради големиот број на пластични операции кои што ги имаше направено со цел да изгледа како Кен кукла, по три месеци живеејќи во целосна изолација од надворешниот свет, на 4-ти јануари оваа година се дефинираше пред јавноста како трансродова личност .

Алвес во 2018 година потроши повеќе од 500,000 долари на разни козметички процедури, како што се разни липосукции, пластични операции, надградба на коса, фејслифтинг, па дури и ринопластика, со што набрзо потоа беше гостин на разни ТВ емисии, па дури и на познатото риалити шоу Celebrity Big Brother. За себе вели дека како дете кога растел во Бразил не бил воопшто задоволен од својот изглед и спасот го нашол во козметичките процедури. Родриго е задоволен од себе си и не се кае воопшто за неговиот избор во животот, но голем дел од експертите се сложуваат дека има класична зависност од пластични операции и процедури кои можат негативно да му влијаат на здравјето во иднина.

Погледнете го целосното интервју за неговата транзиција од Кен во Барби, како што ја нарекуваат на телевизиското шоу This Morning.