Содата има навистина огромна примена во домаќинството, одржавање на хигиената, готвењето, алтернативната медицина, козметиката.

Миењето на косата со сода бикарбона може да биде полн погодок. Таа ќе помогне во отстранувањето на акумулираните остатоци од хемикалии, како регенератори и креми за коса, пени или гелови. На тој начин ќе го врати сјајот и цврстината на косата, а и ќе го спречи нејзиното опаѓање.

Како да го подготвите шампонот?

Во мало шише измешајте сода бикарбона со млака вода во однос 1:3. Количината зависи од должината на косата, доколку имате долга коса, ставете 3 лажички сода бикарбона и 9 вода. Додадете ја ова смеса на косата и масираје од 30 до 60 секунди. Може да ја додадете и на сува коса, да почекате 3 минути па да ја измиете косата. Содата ќе ги отстрани сите нечистотии од косата.

За хронично мрсна коса, после овој третман измијте ја со мешавина на  јаболков оцет и вода во однос 1:4. За да добиете убав мирис, користете есенцијални масла.

После неколку третмани Вашата коса ќе биде сјајна и ќе го забрза растот.