Шапката е украсен и модерен детаљ кој совршено ќе ви се најде во студените есенски и зимски денови. Но прашање е која е Вистинската шапка за Вас, според обликот на Вашето лице? Експертот за мода Џенифер Чан рекол: „Ако имате големо лице, тогаш Ви треба и голема шапка за да бидете целосни, доколку имате мало лице, Ви треба и мала шапка, зошто поинаку ќе изгледате уште помали„. Проследете ја статијата.
Округло лице
Се е во спротивностите! На ваков тип на лице одлично Ви прилега капа со „аголни свиоци“ за да ја искористите младешката форма на вашето лице. Но, избегнувајте сè што е премногу заоблено, бидејќи тоа само ќе ја потенцира полнотата и обемот на вашето лице. Обидете се со федора.
Срцевиден облик
Имате среќа! На овој облик одговара скоро секој модел на шапка. Обидете се со шапка со остри агли или краток обод. Пробајте федора, бејзбол капа, џокеј капче. Пробувајте разни стилови!
Квадратно лице
Одете на баретка или шеширче – сè што е нежно ќе ги омекне и заокружи силните агли на вашето лице. Избегнувајте нешто премногу структурирано или аголно (како што е федора или трилби), што едноставно ќе ги истакне вашите остри карактеристики.
Триаголно или овално лице
Запомнете: Спротивностите се привлекуваат! Ако имате подолго лице, шапка со краток обод или флопи-капа ќе додаде ширина и димензија. Сè што има премногу висина, ќе го издолжи вашето лице повеќе.
Следетене на