Лиса Кудроу беше прва која на својот инстаграм профил ја објави веста дека последниот член од дружината на познатата ТВ серијата „Пријатели“, Метју Пери, конечно го направи својот инстаграм профил. Тој беше последниот од сите нив кој што „заплови“ во водите на социјалните медиуми, и набрзо после тоа успеа за кратко време да собере скоро 5 милиони следбеници.
Метју Пери во „Пријатели“ го глумеше ликот на Чендлер Бинг, и со текот на годините додека траеше серијата од 1994 до 2004 година, стана помеѓу најомилените ликови, особено заради смислата за хумор. На жалост, во приватниот живот Метју имаше голем број на проблеми, посебно во борбата со неговата зависност од лекови, па дури и самиот ќе изјави дека не се сеќава на голем дел од серијата, некаде помеѓу 3-та и 6-та сезона.
Денес Метју е конечно излечен и зборува јавно за неговите проблеми со цел да ги мотивира луѓето кои што се борат со разни типови на зависности. Целата дружина од „Пријатели“ уште на времето била загрижена за него и секогаш била тука да му пружат поддршка, па затоа не е ни чудно што до ден денес се блиски.
Следетене на