Сегашната ситуација со корона вирусот налага да бидеме затворени дома, па посетата на козметичар, фризер е нешто што мометално не можеме да го изведеме. Затоа во овие моменти е важно да научиме неколку DIY трикови за самите да се претвориме во тоа. Грижата за себе е многу важна – но одговорноста уште поголема. Тука Ви презентираме неколку маски за лице, кои ќе ја освеат Вашата кожа, а многу лесно можете да ги направите дома. Сигурно ќе се чувстувате подобро и психички и физички.

Маска за хидратација на кожата

Иако сме затворени дома, тоа не значи дека треба да престанете да се грижите за Вашата кожа. Таа има потреба од постојана хидратација, особено за комплетен свеж изглед. За да приготвите маска за хидратација Ви е потребно авокадо, 1 лажичка мед, 2 лажички кокосово масло, анасон. Изблендирајте пола авокадо, и додадете ги останатите состојки во блендерот. Нанесете ја маската и оставете 15 мин да делува. Потоа измијте ја.

sliced avocado on brown wooden chopping board

Маска за длабинско чистење на лицето

Во шоља измешајте 1 лажичка сода бикарбона, пола лажичка куркума во прав, 1 лажичка маслиново масло, пола лажица млеко и две три капки масло од лаванда. Оваа комбинација е идеална за чистење на кожата затоа што содата ќе направи детоксификација, млекото ќе ја исчисти, маслиновото масло е полно со витамини ќе ја потхрани а лавандата ќе ги намали иритациите.

Пилинг маска

Измешајте 1 лажичка шеќер, 1 лажица грчки јогурт, 1 лажичка какао. Добро ги измешајте за да добиете хоомогена смеса. Оставете да делува од 10 до 15 минути па измијте ја со топла вода.

woman with gray facial mask