Една од најпопуларните зимски диети кои што луѓето често ја држат, а за која немате потреба од гладување, е таканаречената зелка-диета. Се што ви е потребно е да приготвите чорба од зелка на следниов начин:
Состојки:
- 2 главици кромид
- 2 пиперки
- 2 конзерви домат
- 1 целер
- 1 зелка
- 3 моркови
- 1 пакување шампињони
- 1-2 коцки бујон (по вкус)
- околу 2 литра вода (6-8 чаши)
Начин на подготовка:
Кромидот се пропржува на малку масло. Се сецка зеленчукот и се додава во претходно зовриена вода со коцките бујон. Се додаваат зачини по желба. Можете да додадете сол, бибер, лук во прав или било што имате од зачини дома. Откако ќе почне да врие водата со зеленчукот, се додава кромидот заедно со 2 конзерви домат. Намалете ја температурата и оставете ја смесата крчка се додека зеленчукот не омекне (околу половина час).
Оваа чорба можете да ја приготвувувате на различни начини и да додавате различни зеленчуци по вкус, но внимавајте да не биде зеленчук со скроб. Можете да додадете спанаќ, блитва, боранија и слично. Добра страна на диетата е што можете да ја јадете кога и да посакате во текот на денот без ограничувања. Со оваа диета можете да пиете вода, билни чаеви и црно кафе без шеќер и засладувачи, или свежо исцедена лимонада. Уживајте!
Следетене на