Лекарите советуваат како да ги заштитиме белите дробови поради загадениот воздух кој го дишеме секојдневно.

Еве неколку знаци кои не смеете да ги занемарите:

Кашлица

Кашлицата секогаш ја поврзуваме со настинките или хроничните заболувања како астма или бронхитис но сепак треба да ги разликуваме. Кашлицата која трае подолго време и е пропратена со искашлување на крв може да биде показател за рак на белите дробови.

Болка во грбот и рамената

Болката во грбот, рамената па и во градите може да биде показател на почеток на канцер кој може да биде излечен ако се открие во рана фаза. Сепак доколку оваа болка не поминува посетете лекар.

Краток здив

Краткиот здив се појавува кај луѓе кои имаат проблем со алергии или астма, што предизвикува гушење или отежнато дишење. Лекарите препорачуваат да се престојува почесто во природа, на чист воздух и да бидете повеке физички активни.

Недостаток на енергија

Недостатокот на енергија може да биде како резултат на стрес или неквалитетен сон. Но доколку тоа е пропратено со кашлица или намален апетит можеби се работи за сериозна болест. Затоа правете редовни контроли и навреме реагирајте.

Жолти белки и жолт тен

Ова може да биде показател на проблеми со работата на црниот дроб, но може да се појави и во случај на рак на белите дробови. Жолтите белки ни укажуваат на проблеми со дишните органи.