Свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ е закажана на 24 ноември (недела) и се планира да биде свадба на годината. Никој не ни може да претпостави што подготвуваат семејството Ражнатовиќ за тој ден и кои се гости ќе присуствуваат. Српските медиуми се цело време еуфорични и постојано пишуваат за овој долгоочекуван настан, oсобено што младоженецот е синот на Светлана Ражнатовиќ – Цеца.
Тоа што дополнително го прави возбудлив овој момент, е фактот што идната сопруга е трудна и очекуваат бебенце наредна година. Двете семејства се во исчекување, а особено е пресреќна и идната свекрва Цеца. Таа на својот инстаграм профил објави слика од двајцата млади каде што вели:
„Пресреќна сум, ова е многу убава вест за моето семејство. Се радувам. Бев во неверување кога Вељко ми соопшти, а потоа емоциите се измешаа. Не можам да го опишам ова чувство, уште сум во еуфорија. Снајката ќе ја пазам и мазам сега многу повеќе него обично, како би новиот член стигнал во веселба и радост…“
За овој ден Вељко планира со луксузен Ролс Ројс да ја земе младата од Тител, каде што ќе бидат одржани сите традиционални обреди кои што ги наложуваат српските обичаи, од купување на невестата па се до пукање во јаболко. Од куќата на невестата, ќе одат директно во Храмот Света Сава, каде што ќе бидат венчани од владиката Стефан Шариќ. Прославата ќе биде во хотелот „Хајат“ со околу 500 гости.
Се уште се дискутира околу венчаницата на Богдана, каде што е голема веројатноста да ја носи венчаницата која што Цеца ја носеше на својата свадба со Аркан. Проблемот е што Богдана бидејќи е трудна, нејзиното тело се менува, па доколку се одлучи да ја носи, најверојатно ќе треба да бидат направени соодветни корекции, како би и била точна.
Дали ќе се одвива се според претходно направените планови, останува да видиме за 12 дена.
Следетене на