Факт е дека кога станува збор за љубовта, тогаш не постојат граници, а тоа важи и за славните парови на кои што дури и големата разлика во годините не им пречи да уживаат во заедничкото друштво.

 

Џеј Зи и Бијонсе

Славната пејачка Биојнсе е 12 години помлада од раперот Џеј Зи и заедно се уште од 2001 година. Во 2008 година официјално стапија во брак и заедно ги имаат децата Блу Ајви Картер (2008 година) и близнаците Руми и Сир Картер.

 

Амал (Аламудин) Клуни и Џорџ Клуни

Џорџ Клуни се запозна со адвокатката Амал Аламудин во 2013 година преку нивни заеднички пријател. Нивната голема разлика во години од 17 години не ги спречи да се венчаат само една година подоцна во 2014 година, а три години подоцна во 2017 година ги добија близнаците Ела и Александар.

 

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џоунс

Мајкл и Кетрин се родени и двајцата на 25 септември, со тоа што Кетрин е родена 25 години подоцна. Но и покрај оваа голема разлика која што беше постојана мета на пишување и зборување во медиумите, тие се заедно од 1998 година. Во својот заеднички живот имаат поминато разни турбуленции, од дијагностицираниот рак на јазик на Мајкл, до борбата со депресијата и анксиозноста на Кетрин, па иако имаа една година кога беа раздвоени во 2013, во 2014 година повторно беа заедно и како што Мајкл сака често да спомне, посилни од било кога. Заедно имаат две деца, синот Дилан Мајкл и ќерката Керис Зета.

 

Брус Вилис и Ема Хеминг

Брус Вилис се ожени со моделот Ема Хеминг во 2009 година и покрај тоа што е постар од својата сопруга 23 години, се уште се заедно и имаат две ќерки родени во 2012 и 2014 година.

 

Ричард Гир и Алехандра Силва

Ричард Гир и Алехандра Силва стапија во брак во 2018 година и во 2019 година го добија својот прв син. Оваа двојка, верувале или не, се разлика дури 34 години.