black sailing boat digital wallpaper

Сите ние сонуваме, некои од нас ги паметат тие сонови, додека пак остатокот не се ни сеќава воопшто на нив. Но сигурно се сеќавате барем на еден сон кој што ви оставил силен впечаток и сте го поврзале со вашите потсвесни желби и очекувања. Но дали тој сон значи само тоа или се крие нешто повеќе во него? Постојат голем број соновници кои толкуваат одредени сонови и нивната симболика и што е најинтересно, голем број од луѓето за некои потврдиле дека навното значење се исполнило! Прочитајте за некои од најчестите сонови и нивната симболика.

 

Летање

silhouette on floating man

Летањето во сон може да симболизира надеж, нови можности и слобода на изразување. Вашата потсвест се обидува да ве потсети дека не треба никогаш да се предавате. Овој тип на сонови овозможуваат добра мотивација и чувство на слобода.

 

Сопствена или нечија смрт

black and gray cement tombs

Доколку сонувате смрт, немојте веднаш да се паничите. Смртта како симбол претскажува и симболичен крај на нешто, нов почеток или обид да се справите со вашата анксиозност или лутина.

 

Паѓање на заби

men's white top

Паѓање на заби не е воопшто пријатен процес па дури и на сон. Овие типови на сонови се поврзуваат со лоши вести, големи животни промени, жалење кон нешто направено или кажано и проблеми. Конфликт

 

Еротски содржини

photography of man and woman resting

Тоа што имате еротски сонови за некого, не секогаш значи дека потајно посакувате да завршите во кревет. Најчесто тоа значи дека посакувате да се поврзете со некого на едно поинтимно ниво што не секогаш значи сексуално поврзување, или посакувате таа личност подобро да ја запознаете.