Одржувањето на кожата и нејзиното негување после 50-тите години не секогаш претставува проблем и ви задава главоболки. Најголем дел од жените кои што на оваа возраст имаат одлична кожа, се покажало дека практикуваат едноставни рутини и навики, но и дека сепак и посветуваат одредено внимание секој ден.
Редовно вадете ја шминката пред спиење
Секоја вечер пред да си легнувате гледајте да не заспивате со шминка на вас. Кожата треба да „дише“, а тешките шминки ги затвараат порите на вашето лице.
Избегнувајте ги цигарите и алкохолот
Ако сте веќе пушач и тешко ви оди откажувањето или немате намера да се откажете во скоро време, тогаш гледајте барем да ги намалите цигарите. Цигарите и алкохолот ја „остаруваат“ вашата кожа и затоа треба да бидете вниматели со овие пороци.
Редовниот сон може да направи чуда за вашата кожа
На организмот му се потребни од 6 до 8 часа ноќен сон за да се одмори и да се наполни со енергија за наредниот ден, а истото важи и за вашата кожа. Со редовоното спиење ќе се ослободите од подочниците и ќе делувате свежо наредниот ден.
Внесувајте доволно течности
Вашата кожа треба да се хидрира како и од надворешна, така и од внатрешна страна, па затоа пиењето на доволно количина на вода е клучно. Според голем дел на истражувања, како што старееме така полека го губиме чувството на жед, па затоа повозрасните лица се повеќе подложни на дехидрирање, па затоа гледајте да внесувате минимум еден литар вода во текот на еден ден.
Внимателно со сонцето
Преголемата изложеност на сончеви зраци поготово во летниот период, може навистина да и наштети на вашата кожа. Не само што го зголемувате ризикот од рак на кожа, силното сонце предизвикува појава на бори и флеки на вашата кожа.
Користете креми кои се соодветни за вашето лице
Ако не сте сигурни каков тип на кожа имате, тогаш најдобро е да се советувате со дерматолог пред да започнете со експериментирање со различни видови на козметика. Добрите креми не секогаш треба да вредат богатство, понекогаш нанесувањето на едноставна хидратантна крема ќе направи чуда за вашата кожа.
Следетене на