На Денот на заљубените, голем број на луѓе имаа можност за уживаат во спектакуларниот концерт на Наташа Беквалац кој се одрша во Штарк арена во Белград. Наташа концертот го започна со тоа што во својот сребрен заводлив костим леташе над публиката, додека обожавателите извикуваа од одушевување. Додека уште лебдеше во воздух, концертот го започна со сојот хит Ја сам добро и потоа на сцената продолжи со песните 300 степени и Позитивна додека публиката пееше заедно со неа. Беквалац на сцената се пресоблече неколку пати и беше навистина тешко да се тргне погледот од неа. Емина Јаховиќ и се придружи со емотивен дует со песните Мушко више не могу и Господине и на крајот со солзи во очите двете се гушнаа и се поздравија.
На својот официјален профил не можеше да ја сокрие возбудата од претходната вечер и се заблагодари на илјадниците следбеници со зборовите:
„Благодарна сум. Ете сакав да напишам нешто и повторно да се заблагодарам на се што доживеав минативе неколку месеци во процесот на работење со генијалци но се уште сум во некоја состојба на шок, денес добив и температура од ова чувство кое е вредно секоја жртва, терет, притисок, стрес, неизвесност, секоја расправија и нервни сломови кои сите ги доживувавме на дневно ниво заради овој концерт 🥴 Моето срце не можеше да ја издржи Арена 2 тоа го реков и пред месец дена но постои идеја концертот S.O.S. ZA LJUBAV да продолжи да живее регионално…што мислите за тоа?❤@kristinabekvalac @tanjamrkic @sarovicmilos @zigasotlar @tragofficial @alenstajic @mikiskaric @dragankecman @atomkaatomka @saskakarac“
Следетене на