Спектакуларните Џенифер Лопез и Шакира им одржаа лекција на сите жени како треба да се живеат 40тите и 50тите години од својот живот преку спектакуларната изведба на Super Bowl 2020 година. Со својот настап ги воодушевија сите и поставија нов критериум кон кој треба сите да се стремиме кога станува збор за количината не енергија, ентузијазам и секако, сексапил. За овој ден тие се подготвуваа со денови наназад, вежбајќи напорно заедно во придружба со танчерите кои што го надополнија овој спектакал. Погледнете го нивниот настап и кажете ни што мислите.