Потекнува од растението Stevia rebaudiana, а е употребуван од индијанските племиња пред стотици години, кои со џвакање на нејзнините листови се освежувале. Денес на пазарот може да се најде во повеќе облици како свежи исушени лисја, во прав, во форма на капки и пилули за засладување на пијалоците.
Идеално решение за диетална исхрана, за луѓе со кардиоваскуларни проблеми и дијабет. Стевиата не содржи калории, а е 200 пати послатка од шеќерот во истата концентрација. Кога подготвувате рецепт со шеќер количината заменете ја на следниов начин:
- 1 голема лажица шеќер со 1/4 лажица стевиа.
- 1 чаша шеќер со една голема лажица стевиа.
Конечно може да ја засладите Вашата храна и пијалоци без хемикалии, потполно природна алтернатива на шеќерот со нула калории, нула јаглехидрати, нула гликемиски индекс.
Рецепт за колачиња со стевиа
2 чаши брашно
3/4 лажички сол
3/4 лажички прашок за пециво
1 јајце
1/2 лажичка стевиа во прав
1 лажичка ароматизирана ванила
1 чаша солен путер, омекнат
1 1/4 чаша чоколадни трошки.
Загрејте ја рерната на 180 C. Ставете хартија за печење. Во среден сад за мешање, измешајте ги брашното, солта и прашокот за пециво.
Во голем сад за мешање ставете ги јајцето, стевиата и ванилата и убаво изматете ги со дрвена лажица или електричен миксер. Полека додадете го путерот, продолжувајќи да мешате додека смесата не биде мазна и кремаста.
Постепено додавајте ја смесата од брашно во смесата со путер, добро мешајќи со дрвена лажица по секое додавање. На крај додадете ги чоколадните трошки.
Со лажица формирајте колачиња врз хартијата за печење. Печете 20 до 25 минути, или додека колачињата не бидат златно кафеави.
Следетене на