Очите се огледало на душата, па затоа ви претставуваме неколку типични карактерни особини за луѓето кои имаат одредена боја на очи.

 

Зелени очи

close-up photo of woman's face

На овие родени заводници навистина е тешко да се одолее. Луѓето родени со зелени очи најчесто се карактеризираат како доста страствени и шармантни, но тоа не значи дека не се лојални. Всушност, најголем дел од нив се доста одговорни и се секогаш тука кога работите стануваат доста стресни.

 

Сини очи

woman taking selfie

Сините очи се смета дека се нова појава во човековата еволуција, и тоа што е интересно е фактот што родители кои што имаат кафени очи можат да имаат дете со сини. Овој тип на луѓе се доста толерантни на болка и се способни да поднесат психички потешкотии подобро од сите останати. На прв поглед делуваат арогантно и незаинтересирано, но тие само внимателно ве проучуваат и проценуваат пред да влезат во било каква комуникација со вас.

 

Кафени очи

woman's face

Оваа боја на очи е често застапена кај голем број на луѓе, но вашите карактерни особини се посебни и приказна сама за себе. Луѓето кои што имаат кафени очи се доста сигурни во себе и доминантни. Одлични во ситуации каде што има конфликт затоа што се разумни и можат да го сослушаат соговорникот. Нивните реакции се одлични и брзи, што значи дека ако се занимавате со спорт и имате кафени очи, шансите да успеете се доста високи. Овој тип на луѓе се исто така и доста склони кон пороците, особено алкохолот, така да внимателно со нив.

 

Црни очи

selective focus photo of woman wearing white top and black choker necklace

Родени лидери, луѓето со црни очи немаат проблем јасно и гласно да го истакнат своето мислење и на тој начин да стекнат голем број на следбеници. Доколку имате човек на кој му се восхитувате како надреден, бидете сигурни дека има црни очи.

 

Лешник боја

close-up photo of human eye

Овој микс на зелена и кафена боја која е доста специфичен и редок, ве прави и вас како личност уникатни. Не постојат два исти типа на карактер кај луѓето со оваа боја на очи. Мистериозни, интересни и често повлечени, овие луѓе имаат една заедничка карактерна особина, а тоа е независноста. Но, нивната лојалност и шармот е тоа што ќе ве натера да посакате да сте цело време до нив.

 

Сиви очи

close-up photo of persons eye

Овој тип на боја е всушност варијанта на сината боја на очи и е навистина ретка. Тешко се опуштаат и предаваат на емоциите, но веднаш откако ќе успеете да им „се пикнете под кожа“ вниманието ќе биде насочено само кон вас. Нивниот карактер зависи од тоа како вие се однесувате со нив; ако сте добри и тие ќе бидат добри кон вас, но ако сте лоши тогаш пазете се!