Православната Нова Година или позната кај нас како Стара Нова Година ја празнуваат сите оние кои што се водат според Јулијанскиот календар. Според Грегоријанскиот календар овој ден се паѓа на 14-ти јануари и најголем дел од верниците во православните заедници на Балканот го прославуваат како Василица. На тој ден во Македонија се прави пита со паричка внатре во чест на светецот Св. Василиј, а во некои делови на земјата се палат и василичарски огнови. Тоа што е интересно, што некои дури и се маскираат на овој ден, а најголем пример за тоа е Вевчанскиот карневал што се одржува секоја година и кој со текот на времето прераснува во се поголема туристичка атракција.
Во старите време се верувало дека периодот помеѓу Божиќ и Водици бил нечист период, односно Некрстени денови, кои што се верувало дека биле мачни и опасни за обичнинот човек. Некои верувања се задржале и до ден денес и затоа голем дел од луѓето во овој период избегнуваат да прават потешки работи за да не дојде до евентуална несреќа. Но без разлика на различните верувања и обичаи, овој ден е посветен на семејството и пријателите и одржувњето на заедницата во добри односи.
Следетене на