Дали знаевте дека одредени знаци на лицето се поврзани со органите на телото? Одредени промени на лицето можат да укажуваат на тоа дали имате здравствен проблем или не. Научете да ги прочитате.
Вашето чело е поврзано со бубрезите, дигестивниот систем и нервниот систем. Ако имате проблеми во овој дел тогаш може да имате ,,мрзлив“ дигестивен систем или стрес. Најдобро решение за овој проблем е да престанете да јадете масна храна и шеќер, а да го зголемите внесот на храна богата со влакна. Почнете со јога, медитација и вежбање. За да ги прочистите бубрезите конзумирајте свежо цеден лимонов сок со млака вода или чај од глуварче.
Очите се поврзани со тероидната жлезда, цревата и зглобовите. Белата боја над ирисот покажува проблем со дегенерација на зглобовите. Не премногу обоен прстен што го обиколува ирисот покажува дека козумирате премногу шеќер или сол. Јадете повеќе анти-инфламаторна храна како што се ореви, риба, ѓумбир, а помалку внесувајте кофеин, шеќер, сол.
Образите се поврзани со малапсорција, бавен метаболизам, белите дробови. Ако приметите промени на кожата на образите тогаш веројатно имате проблем со лош метаболизам и намалена апсорпција на хранливи материи. Пробајте да ги оксидирате белите дробови со повеќе вежби за издишување и вдишување и кардио вежби.
Носот е поврзан со кардиоваскуларниот систем. Ако се јават кожни проблеми во овој предел тогаш веројатно вашиот проблем е во циркулацијата и крвниот притисок. Конзумирајте повеќе авокадо, ореви, маслиново масло, риба.
Усните се порзани со дигестивниот систем. Ако имате бледи усни тогаш веројатно имате и проблем со анемија. Ако имате кафеави дамки, тогаш веројатно имате проблем со варење или недоволно дигестивни ензими. Јадете повеќе црвено месо, храна богата со железо, зелен зеленчук.
Јазикот е поврзан со белите дробови, токсините во оргнизмот. Ако имате несекојдневни промени во овој дел тогаш најдобро направете декоја детоксикација на организмот.
Брадата е поврзана со стресот и хоромоналниот дисбаланс. Избегнувајте хемикалии за чистење на лицето бидејќи влијаат врз ендокримниот систем, повеќе сон, а помалку стрес.
Следетене на