Децата обожаваат да ги копираат своите омилени јунаци од Дизни. Модниот дизајнер Нефи Гарсија ужива во креирање на гардероба за неговите деца инспирирана од Дизни. Неговиот профил на Инстаграм има илијадници следбеници кои се восхитени од неговите дизајни.

Она што го инспирирало била посетата на Дизниленд, кога неговата ќерка побарала да изгледа како добрата вила. Тоа била неговата прва креација и патот кон останатите.

Му требаат 4 до 6 часа за да изработи ваков костим. Тој тврди дека ги повторува фустаните, но во секоја креација внесува нешто ново и посебно за да биде уникатен.

         

Нефи Гарсија користи органски материјали кои ги набавува од Европа, а во скоро време започнал и со изработка на костими за возрасни.