Американскиот моден магазин ,,Elle“ ја објави топ листата на 12 најдобро облечени ѕвезди. За Вас издвоивме пет уникатни модели.
Јара Шахиди на филмската гала вечер во Лос Анџелес присуствуваше во преубава креација на Гучи, во која потсетуваше на грчка божица на сонцето.
Дуа Липа на ,,MTV European Music Awards во Севилја, Шпанија„ се појави во креација на Муглер. Вампирската естетика која е одлика на овој бренд совршено и прилегаше, па затоа се најде и на листата на топ облечени ѕвезди.
Рози Хантингтон-Витни во уникатна креација на Дејвид Кома на наградите за жена на годината од Harper’s Bazaar UK, која се одржа на 29ти октомври во Лондон.
Иман никогаш не разочарува со нејзиниот екстраваргарден стил. Овој пат на WWD Honors во Њујорк се појави во леопард креација на Валентино.
Дакота Џонсон во едноставна и преубава комбинација од Брендон Максвел на ,,Награди за гувернери во Холивуд„. На идните невести овој уникатен модел може да им послужи и како инспирација за ултра модерна венчаница.
Следетене на