Комбинирајте ги со едноставна памучна блуза со риги или полка точки. Овој изглед е идеален за во канцеларија како и за на кафе со пријатели. Во зима облечете капут, чизми до глужд и некоја тренди марама или шал.

Тексас кошула со црни панталони е идеална комбинација со која нема да згрешите. Комбинирајте со спортски патики, чизмички.

Црни фармерки со светло сако. Комбинација за секоја пригода.

Црни кожни панталони во комбинација со џемпер во светла боја. Може да ги комбинирате и со некоја тренди кошула за Вашите вечерни излегувања.

Црни панталони до глужд, кои во зимскиот период може да ги комбинирате со долги и широки џемпери, а во лето со маичка или кошула.

Црни широки панталони во едноставна комбинација.