И лажните вести и дезинформациите кои се шират на социјалните мрежи, најчесто се презентирани во јавноста со цел да се нанесе штета. Како и да е, се докажа дека лажните вести имаат сериозно и негативно влијание врз корисниците, па токму затоа социјалната мрежа Twitter се одлучи да им стави крај, со воведување на посебна функција за борба против лажните вести. Од сега корисниците ќе можат да ги пријавуваат сите лажни вести, дезинформации, непотполни информации. Може да ја пријавите злонамерната природа на твитот, негативната намерата на сопственикот на профилот да нанесе штета лично на себе или на некој друг, како и корисникот кој дистрибуира лажни вести.

person holding turned on space gray iPhone 5c near table

Со оваа нова функција не само што ќе се ограничат лажните вести, туку ќе се поведе и статистика за тоа што најмногу предизвикува загриженост кај корисниците и што најчесто се пријаува.