Верувале или не, музеј за сладолед навистина постои во Сан Франциско и е единствен од тој тип. Основан од Мери Елис Бан и Маниш Вора, кои одлучиле дека Њујорк одамна немал нови работи и ништо нема да ги привлече повеќе туристите од ваков уметнички проект. Сладоледот не познава религија, класа и вера. После неговиот успех, префрлен е во Лос Анџелес, за на крај да се изгради ваква шеќерна империја во Сан Франциско.
Музејот се протега на површина од 5000 м2, а картите за неговото отварање биле рекордно распродадени. Картите чинат 38$ по лице, а можат да се купат само online.
Овој музеј навистина потсетува на бајка, со базент од разнобојни трошки, во кој се спушташ по розев тобоган. Маси во облик на сладолед, сијалици обвиткани во шеќерна волна…
Освен визуелните уметнички дела музејот од сладолед, содржи и продавница каде може да го вкусите најдобриот сладолед со разни вкусови, бомбони, шеќерни корнети, шејкови…
Уметноста не мора да биде класична за да биде уметност. Може да го провоцира мечтаењето, емоциите, креативноста, да ги помести границите на разумот. Се додека ја привлекува забавата и незаборавните моменти!
Следетене на