Васил Гарванлиев е роден на 2-ри ноември 1984 година во Струмица и како дете сите го паметиме по песната Марионка на Златно Славејче во 1994 со која станува детска ѕвезда. За кратко време на само негова 12 годишна возраст, неговото семејство се сели во Америка, а по само 7 години се депортирани од таму. Неговиот живот е навистина доста бурен, се сели во Италија, татко му умира во сообраќајна несреќа, а за кратко време и баба му, и тоа исто во сообраќајка. Тоа што е интересно за него е што прочуен оперски пејач во Канада, но во 2018 година се враќа во Македонија со надеж да изгради музичка кариера. На својот официјален инстаграм профил јавно изрази возбуда и среќа за неговиот настап на Евровизија што треба да се случи во мај во Ротердам.

Песната со која ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020 за кратко ќе биде објавена, а до тогаш можете да уживате во некои од неговите хитови.