Руските дизајнерки на реалистични кукли Елена Попови и Екатерина Попови, полека, но сигурно се пробиваат во светот на високата мода. Тие со својот ексцентричен талент дури од 2004 година успеваат на еден посебен начин да не натераат да посакаме повторно да купуваме кукли. Тоа што е интересно е што Попови прават уникатни колекции од само 10 до 15 кукли секоја година, кои што заради нивниот изглед се доста популарни, но голем дел од јавноста ги нарекува „морничави“ заради фактот што изгледаат како вистински мали луѓе. Погледнете го видеото за нивната приказна.

Последниот проект на овие сестри е со американскиот дизајнер Мајкл Костело кој беше задолжен за нивниот изглед. Смелиот сексапил кој што е насекаде препознатлив во светот на луксузната мода кај него го презентираше на еден необичен начин кај овие кукли, за кој голем дел критичарите се согласија дека засекогаш ќе го смени начинот на кој ја перцепираме модната индустрија.

     

   

 

 

Извор: http://popovy-dolls.com/blog/popovy-sisters-x-michael-costello/