Тука можете да го погледнете трејлерот за најновиот анимиран филм на Пиксар – „Soul“ или во буквален превод – „Душа“, кој овој пат ќе обработува една многу специфична тематика – смртта и реинкарнацијата.
Глвниот лик Џо Гарднер е наставник по музичко во едно основно училиште, но неговиот сон е да свири џез музика на сцена и конечно добива таква шанса откако ќе ги импресионира останатите џез музичари со една своја изведба. Нажалост, пред да може неговиот сон да стане реалност, му се случува несреќа и неговата душа е директно одвоена од неговото дело и транспортирана во центар каде што душите развиваат и добиваат страст за различни работи од животот пред да бидат транспортирани во новороденче, односно реинкарнирани. Џо мора да работи со останатите души таму, за да може да се врати на Земјата пред да биде предоцна.
Трејлерот предизвика многу позитивни реакции, особено поради фактот што Пиксар, како и во повеќето анимирани цртани, се занимава со една многу важна проблематика, соочувањето со срмтта и смислата на животот, и отскокнува од клишето на анимирани филмови каде што централната приказна е од романтичен тип.
Овој анимиран филм е закажан да почне да се прикажува во кината наредна година во јуни, и веќе полека почнува да собира голем број на фанови кои со нетрпение го чекаат да излезе.
Следетене на