Минатата недела конечно излезе официјалниот трејлер за најновиот Џејмс Бонд филм кој треба да започне со прикажување во кино салите на почетокот на април наредната година. James Bond 007: No Time To Die започна со своето снимање во 2016 година и главната улога на британскиот шармантен шпиун со дозвола за убивање ја има Даниел Крег, кој веќе неколку пати претходно го глумеше овој лик. Рами Малек, кој сите добро го паметиме по својата легендарна улога на Фреди Меркјури за која доби и оскар, овој пат ќе го гледаме во една поинаква улога на главниот негативец. Погледнете го трејлерот во продолжение.