Шантел Витни Браун – Јанг позната како Вини Харлоу е родена на 27 јули 1994 година. Оваа канадска манекенка е позната ширум светот баш заради нејзината специфична состојба на кожата наречена леукодермија или витилиго. Тоа што го прави витилигото интересно за проучување е фактот што само 1% од вкупната популација на светот ја имаа оваа состојба, но во многу мал дел толку изразена како кај Вини. Вини Харлоу на само свои четири години била дијагностицирана со витилиго, но иако била задевана од своите соученици во текот на своето детство, исмевајќи ја и нарекувајќи ја зебра или крава, таа во 2014 година ја добива својата светска слава благодарение на Ameica’s Next Top Model и набрзо после тоа нејзината карира почнува да оди само нагоре.

   

По својата нејзината финална елиминација од ова ТВ-емисија, таа станува официјално заштитно лице на шпанскиот бренд Desigual, а учествува и во неколку модни ревии и кампањи кај разни познати брендови како Diesel, Swarovski, Victoria’s Secret итн. Во 2011 година на YouTube каналот објавува видео насловено “Витилиго: Состојба на кожата, не промена на животот“ (Vitiligo: A Skin Condition, not a Life Changer), а во 2014 година зборува на TEDx презентација објаснувајќи го нејзиниот живот со витилигото. До ден денес е инспирација на жените ширум светот кои што исто имаат витилиго или било какво кожно заболување.