Без разлика на тоа каков тип на облека носите на себе, со добра висока потпетица ќе изгледате секогаш одлично. Високите потпетици кај жените се омилено парче гардероба со години наназад и најголем дел од нив имаат многу повеќе отколку што реално собира во чевларникот. Секоја модерна жена кој е страствен љубител на високите потпетици и општо – чевлите, мора да биде запознаена со овие 5 бренда.
Christian Louboutin
Заштитниот знак на овој дизајнер со црвена основа на салонката ги полуде жените, па дури и мажите ширум светот. Овој тип на потпетица е класичен и никогаш нема да се изгуби од светот на модата, а што е најважно и вие секогаш ќе изгледате модерно со нив.
Manolo Blahnik
Овој дизајнер беше со години наназад популарен помеѓу жените, но серијата Сексот и градот го издигна и го направи заштитен знак за вистинските „фанатици“ по високи потпетици. Тоа што го прави толку посакуван е фактот што овој тип на високи потпетици можете да ги носите насекаде, од на работно место, па се до обична прошетка низ центарот на градот.
Brian Atwood
Овој дизајнер е познат по својот екстравагантен стил на смели комбинации помеѓу софистицирани и префинети високи потпетици со нападен дизајн и впечатливи бои.
Jimmy Choo
Познат по своите драматични експерименти, високите потпетици на овој дизајнер ги носат само најхрабрите.
Dolce & Gabbana
Овие високи потпетици кои се лесно препознатливи по својот изглед и до ден денес не оставаат никого рамнодушен!
Следетене на