Понеделник е денот што најчесто не асоцира на почетокот на работната недела. Денот кога седиш во канцеларија, посакувајќи викендот да потрае. Кога мислевте дека не постојат интересни факти за понеделникот, еве неколку кои можеби не ги знаевте!
1. Понеделникот е денот за купување нова кола. Светските истражувања покажале дека најмногу автомобили се продадени токму во понеделник.
2. Продуктивноста на работниците во понеделник е само 30%. Тоа значи само 3.5 продуктивни работни часови.
3. Статистиката вели дека понеделник е денот кога се остваруваат најмногу online пазарувања.
4. Во 2012 и 2018 имало вкупно 53 понеделници во историјата. Ова нема да се повтори до 2024 година.
5. Една студија направена во 2011 докажала дека луѓето во понеделник се жалат цели 34 минути во текот на денот, за разлика од другите денови во неделата кога трошат 22 минути.
6. 50% од вработените доцнат во понеделник.
7. Истражувачите докажале дека социјализaцијата е една од причините зошто луѓето не го сакаат понеделникот. Тоа што сме разделени од колегите за време на викендот предизвикува чувство на страв дека понеделнички ќе го изгубиме местото во социјалнoто друштво.
8. Името ,,понеделник“ потекнува од латинскиот збор ,,dies lunae“ што во превод значи денот на месечината.
9. Најголем број од луѓето изгледаат, или барем се чувствуваат помалку атрактивни во понеделник.
10. Луѓето најмалку се смеат во понеделник. Едно истражување направено во т.н најсреќен крај во Англија(јужно-источниот), покажало дека луѓето прв пат се насмевнуваат во 11:16.
Следетене на