Најголем дел од експертите препорачуваат дека кога станува збор за оброците, појадокот наутро е најважен. Но дали некогаш сте се запрашале кога, односно кој дел од денот е најпогоден за вежбање? Тоа што е важно да запамтите кога се дискутира за рутината за вежбање, е фактот дека без разлика на тоа што станува збор за физичка активност, вежбањето е и психолошка потреба. Вежбите кои што ги правиме, дали тоа била класична посета во теретана, кардио, трчање по кеј, јога, некоја спортска активност како тенис, кошарка или пливање, или пак дури и танцување, треба и емотивно да не исполни, односно да не направи да се чувствуваме пријатно и задоволно. Па затоа, слушајте си го телото.
Вежбање наутро
Утринско вежбање се препорачува за оние кои сакаат да изгубат на тежина. Ако започнете да вежбате наутро, тогаш се препорачува да вежбате на празен стомак затоа што на тој начин најбрзо и најефикасно ќе ги согорите маснотиите кои што се таложеле од претходниот ден.
Вежбање попладне
Да, утринското вежбање е одлично доколку сакате да ги елиминирате вишокот килограми особено за краток период, но попладневните вежби се препорачуваат доколку сакате да внесете една нова рутина во вашиот живот. Особено ако се стремите кон понапорни вежби за кои што и не е баш препорачливо да ги правите доколку не сте јаделе ништо.
Вежбање навечер
Ако не сте утринска личност, тогаш можеби е подобро да прескокнете трчање по кеј наутро само затоа што вашата колешка или колега ве убедуваат дека така е најдобро да се започне денот. Голем дел од истражувањата покажале дека вежбањето навечер нема да ви го поремети ритамот на спиење, напротив, со текот на времето ќе придонесе во намалување на лачење на хормонот гралин и на тој начин ќе ви го намали апетитот, што секако ќе придонесе кон губење на телесна тежина.
Следетене на