Децата се најголемото богатство, но понекогаш нивното воспитување и растење знае навистина да биде стресно. Среќата на децата најмногу зависи од родителската грижа, но исто така и од заедницата во која што се наоѓаат. Според неколку истражувања кои што ги земале во предвид нивното образование, рамноправност и здравството, постојат одредени држави каде што се покажало дека децата се најсреќни. На прво место се најде Холандија.

girl holding purple and green camera toy

Според истражувањата на UNICEF, среќата на холандските деца се заснова на нивното опкружување во кое што стресот е минимален, посебно во образовните установи каде што се промовира пружањето еднакви можности за сите, како и добриот баланс помеѓу квалитетното време поминато со родителите. На второ место се најде Норвешка, посебно заради фактот што норвешката заедница промовира меѓусебна поддршка и помагање, додека пак на трето се најде Исланд благодарение на фактот што се смета за една од најбезбедните држави во светот.

boy in blue shirt screaming near boy in green crew-neck shirt

На 4-то и 5-то место се најдоа Финска и Шведска. Финска беше од скоро прогласена за најсреќна држава на Земјата, што е логично да се најде помеѓу првите пет држави каде што децата се најсреќни. Погледнете ја целосната листа:

  1. Холандија
  2. Норвешка
  3. Исланд
  4. Финска
  5. Шведска
  6. Германија
  7. Луксембург
  8. Швајцарија
  9. Белгија
  10. Ирска
  11. Данска
  12. Словенија
  13. Франција
  14. Чешка
  15. Португалија
  16. Велика Британија
  17. Канада
  18. Австрија
  19. Шпанија
  20. САД
Извор: https://mom.com/momlife/272681-countries-where-kids-are-happiest/happiest-kids-world-united-states