Восочните фигури на принцот Хари и Меган Маркал беа раздвоени од остатокот на кралското семејство во музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Лондон. По шокантната објава на парот дека официјално ќе се повлекуваат од кралските должности, иако имаше и такви кои што ја почитуваа нивната одлука, голем дел од јавноста изрази незадоволство вклучувајќи го и потесниот круг на кралското семејство.

   

Восочните фигури за прв пат беа прикажани пред јавноста ноќта пред самата кралска венчавка. Меган Маркал е облечена во зелен P.A.R.O.S.H. фустан, додека пак Хари во темно син костум и беа поставени веднаш до кралицата. Кратко по нивната објава на инстаграм, фигурите беа разделени со цел да ја отсликаат нивната „нова прогресивна улога во рамките на кралската институција“, како што генералниот директор Стив Дејвис на Мадам Тисо објасни. Секако тие и понатаму остануваат во популарниот музеј, но на нова локација. Што мислите вие за оваа постапка?