Периодот на празниците полека завршува и време е да го прочистиме нашиот организам од тешката храна, алкохолот и вишокот на масти што се насобрал во последниве 2 месеца. Најголема заблуда кога станува збор за детоксификацијата е дека се применува со цел да се ослободите од вишокот на килограми. Да, шансите да изгубите на тежина се големи, меѓутоа главната функција на оваа постапка е да се ослободите од вишокот на токсини што се насобрале со текот на времето во црниот дроб, дигестивниот систем, бубрезите, белите дробови и сл.
Исфрлете го алкохолот
Алкохолот се процесира преку црниот дроб, па затоа овој период ви препорачуваме да намалите со негова конзумација, или целосно да го исфрлите. На овој начин ќе забрзате функцијата на овој орган и ќе си дадете одлична основа за понатамошната детоксификација.
Конзумирајте повеќе вода
Пиењето на доволно вода во текот на денот е секако препорачано без разлика на тоа дали сте на некаков посебен режим, посебно затоа што ја регулира телесната температура, овозможува полесно варење на храна и апсорбирање на хранливите материи и помага при исфрлањето на непотребните материи од вашето тело преку урината.
Регулирајте го спиењето
На организмот му се потробни од 6 до 8 часа на сон за да може да се одмори да функционира наредниот ден нормално. Додека спиете вашите органи се ревитализираат и помагаат при полесно извршување на секојдневните фунцкии. А да не заборавиме и дека добриот сон ќе ви го подобри расположението.
Намалете го внесување на шеќер и сол во организмот
Внесувањето на голема количина на шеќер директно се поврзува со некои хронични болести како што се проблемите со срцето, ракот и дијабетисот, па затоа процесираниот шеќер во форма на колачи, заменете го со некаков тип на овошје. Намалувањето на внесот на сол е исто така добро за вас, особено ако сакате да го елиминирате вишокот на течности и да го регулирате притисокот.
Активирајте се
Редовната активност која може да биде во форма на класично вежбање или спортување, не само што ќе ви помогне во регулирање на килограмите, туку и ќе ви ја одржи кондицијата и ќе го намали ризикот од добивање на дијабетис, срцеви болести, висок крвен притисок и слично.
Следетене на