Сите знаеме дека алкохолот може да му наштети на функцијата на црниот дроб,  во зависност од тоа колку често и во која количина внесуваме алкохол во нашиот организам.

Црниот дроб е орган кој ја прочистува крвта која од дигестивниот тракт се движи низ остатокот од телото.

Тоа значи дека кога внесуваме алкохол, црниот дроб го обработува алкохолот односно доаѓа во контакт со токсини кои го замастуваат црниот дроб а во одредени случаи може да го намалат протокот на крв. Сето тоа доведува до влошување на функцијата на црниот дроб а во некои случаи може да престане на неговата функција.

Алкохолот  различно се метаболира кај секого. Но кај повекето, половина пијачка може да се метаболира за еден час, односно ако тоа во промили на алкохол изнесува 0,8 и престанете да пиете, за два часа би требало да се намали на 0,5 промили.

Алкохолот во крвта може да се задржи и по 6 часа после пиењето, од 12-24 часа во здивот, плунката, урината и до 90 дена во влакната од косата.

Тоа е оптимално време на телото за да се ослободи од алхохолот.

Но сепак не заборавајте дека не смеете да возите под дејство на алкохол.