Ретко кој може да одолее на парче вкусна и кремаста чоколадна торта. Постојат многу рецепти за чоколадна торта и секој е вкусен на свој начин, но во трката со времето ретко кога можеме да се посветиме на готвењето. Затоа за вас го избравме следнов рецепт кој е ужасно брз за припрема, а од друга страна неодоливо вкусен.
Потребни производи:
180 гр маскарпоне сирење
500 гр црно чоколадо
3 готови чоколадни кори за торта
Начин на подготовка:
Чоколадото се топи на пареа. Откако малку ќе се излади, додадете го маскарпонот и внимателно изматете додека не се добие хомогена смеса.
Ако готовите кори се многу суви, може да ги прелиете со шеќерен сируп кој ќе го направите со стопен шеќер во врела вода во сооднос 1:2 – 1 чаша вода на 2 чаши шеќер.
Врз првата кора намачкајте од кремот, ставете ја втората кора па крем, па третата…
Пријатен апетит!
Рецептот е преземан од web страната woman.bg
Следетене на