Спа третманите нудат голем број на здраствени придобивки во кои што можете редовно да уживате и ќе ви помогнат во намалување на стресот и анксиозноста, чувството на измореност, главоболка, напнати мускули и друго. Користењето на минералните води датира уште од античко време и најмногу било распространето во Европа и Јапонија. Терминот „спа“ потекнува од Белгија, поточно од истоимениот град Спа за кое што се верувало дека водата што ја користат е лековита. Едни од најпопуларните спа третмани вклучуваат разни типови на масажи и третмани на телото, сауни, базени со термална вода и џакузи.
Разните третмани на лицето кои се дел од спа третманите можат да го успорат процесот на стареење, додека пак редовното посетување на сауни ќе се ослободите од вишокот на токсини во вашето тело. Препорачаното време на седење во сауна е 20 минути.
Солената соба во која можете да седите дури и до 40 минути има позитивно влијание на вашите дишни патишта и помага доколку патите од астма, разни алергии, бронхитис, па дури и обична настинка.
Доколку сте едни од оние кои што имаат потешкотии да заспијат или патат од несоница, тогаш спа третманите се одлично решение за вас. Масажите ќе го опуштат вашето тело и ќе ви го намалат високиот крвен притисок, што ќе придонесе кон здрав сон.
Следетене на