Превкусна миризлива супа која е полна со антиинфламаторни состојки како сладок компит  брокула, а карито и ѓумбирот ќе Ве стоплат во студените зимски денови. Ова е рецепт за здрав детокс на црниот дроб, а во истовреме ќе Ве засити.

white and brown ceramic bowl

Потребни намирници:

1 кромид, излупен и ситно сецкан
1 лажица маслиново масло
сол и бибер
400 мл кокосово млеко
1 чаша варена киноа
1 сладок компир, излупен и исецкан
1 глава брокула поделена на цвеќиња од 2 см
1 чаша филтрирана вода
свеж магдонос
1 лажиче ѓумбир
1 лажица кокосово масло
1/2 лажиче ким
1/2 лажиче кари
сок од 1 лимета

Во голем сад, загрејте го маслото и пропржете го кромидот 7 минути на средна топлина, мешајќи често, се додека не омекне. Додадете ги преостанатите состојки без сокот од лимета. Потоа, покријте го да зоврие и врие 15 минути или додека не се свари зеленчукот. Послужете ја супата топла, со додаден сок од лимета.

two cup of bowls