Зелената диета се прави според принципот на лакто-вегетаријанска диета за оние кои првенствено сакаат детоксикација на организмот и воедно да ја намалат и тежината. Бидејќи е богата со диетални влакна, оваа диета го забрзува варењето и го регулира високиот холестерол.
Зелената диета е богата со витамини и минерали кои се многу важни за подобрување на имунитетот. Се базира на следниве видови храна: зеленчук, овошје, житни култури, млечни производи со ниска масленост.
Мешунки како грав, соја и леќа можат да се внесуваат , додека јајцата, рибата и местото се забранети. Токму тоа е и недостаткот на оваа диета, бидејќи протеините можат да ја намалат синтезата на клетките, затоа пред започнување консултирајте се со доктор и не применувајте ја повеќе од 5 дена.
Започнете го денот со цеден сок без шеќер. За појадок јадете овошје по Ваш избор или овошна салата. Зачинете ја со цимет, морско оревче или нане. Наутро јадете само овошје. Најдобро е свежото овошје како малини, капини, боровинки, рибизли, а покрај нив и цреши, јаболка, круши, ананас, портокали, лимони, мандарини, киви. Бидете внимателни со бананите, бидејќи содржат многу шеќер.
Најдобро е ручекот да го започнете со сок од свеж зеленчук. Зеленчукот спремајте го на пареа комбиниран со варен ориз и компири. Овој оброк може да го јадете во неограничени количини. За подготовка користете само вода, без додавање на масло. Со ручекот сервирајте и зелена салата најдобро со морков, зелка, краставица. Комбинирајте го со интегрален леб.
Вашата вечера започнете ја со цеден сок од зеленчук. Може да конзумирате и сирење со ниска маст пример во комбинација со зелена салата.
Еве еден пример од менито:
1. Наутро кога сте гладни – една чаша свежо цеден овошен сок.
2. Појадок – овошна салата со една лажичка мед.
3. Ручек – една чаша свеж сок од домати, супа од морков со парчиња тиквички и интегрален ориз, парче тост намачкан со свежо сирење, салата од свежа зелка.
4. Закуска – јогурт.
5. Вечера – чаша сок од морков, зелена салата. Исто така, можете да направите салата од краставица, домат и сирење.
Следетене на