После 14 месеци реновирање, беше отворена продавницата на ,,Луј Витон“ во Лондон. Со дизајнот на Питер Марино, оваа проданица доминира меѓу парадата на лукс бутици во Ву-Бонд – Лондон. Американскиот дизајнер во ентериерот внесе светлина, колороитност што евоцира чувство на среќа и убавина. Марино изјавил дека со Луј Витон сорабoтува од 1994 година, но до сега не се одлучиле на ваков смел дизајн.
Внатрешноста на продавницата е составена од експанзивни простории украсени со камени плочки со боја на песок. Со оригиналниот избор на уметнички дела, Марино ја внесува театриката на дизајнот.
Марино тврди дека во своите истражувања утврдил дека луѓето реагираат позитивно на голем простор, па го прошириле просторот за да уметноста и модата се најдат заедно.
Еден од ѕидовите на приземјето – кој во најголем дел е посветен на женската облека – има слика на американската уметничка Сара Кроунер, во која се прикажани испреплетени облици на сини, портокалови фузија облици.
Тука е и неонската скулптура во форма на срце изработена од Трејси Емин, на која се испишани зборовите „Љубовта е она што го сакате“.
Стаклените маси на кои се изложени помали акцесоари како ташнички, се наоѓаат врз ќилими избоени со црвени, жолти и други светли бои. Свилените марами се закачени на рачно изработени рамки од месинг.
Два од четирите спрата на продавницата се поврзани со скали од дабово дрво. Панелите со LED диоди се програмирани од американскиот уметник за суптилно да ја менуваат нијансата со текот на времето.
Питер Марино е врвен архитект кој често е на мета на избор од страна на луксузни брендови кои бараат да создадат впечатлив малопродажен простор. Уште во 2016 година тој го дизајнираше ентериерот на продавницата за швајцарски часовници Хублот, бутикот Диор во Сеул и др.
Следетене на