Најголем дел од луѓето денеска ќе имаат тежок ден, но дали е тоа заради фактот што денес е петок 13-ти па е навистина несреќен ден, или затоа што ова суеверие се има толку проширено низ народот, што самите си го прават тежок денот? Од каде всушност потекнува ова суеверие и како дошло до тоа петок 13-ти да биде еден од најмалку посакуваните денови во текот на целата година? И дали сте знаеле дека постои официјално призната фобија од петок 13-ти која се вика параскевидекатриафобија?
Постојат неколку христијанските верувања. Една од нив е дека Ева му го дала забранетото овошје на Адам во петок, додека пак некои сметаат дека на тајната вечера биле присутни 13 луѓе, односно Исус со 12-те апостоли. До ден денес се верува дека на една маса не треба да присуствуваат 13 луѓе, затоа што тоа е „предавнички“ број. Некои тврдат дека на тој ден се случила библиската поплава, додека пак други се убедени дека самиот Исус бил распнат на петок 13-ти.
Голем дел од суеверијата сметаат дека постојат знаци кои што ви укажуваат на тоа дека овој ден нема да ви биде среќен, како што е кога црна мачка ќе ви го „пресече“ патот, кршење на огледало, поминување под скала или пак дури и отварање на чадор во затворена просторија. Во популарната култура митот за петок 13-ти е често користен како инспирација. Па така ги имаме хорор филмовите со истиот наслов, книгите од Агата Кристи како и многу други.
Бројот 13 носи несреќа, додека пак бројот 12 се смета за еден вид на свет број. Постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 наследници на пророкот Мухамед и 12 вистински приврзаници на Исус. Според нордиската митологија, еднаш на една вечера биле присутни 12 богови. Локи, кој не бил поканет, се појавил како 13-ти гостин и успеал да го измами слепиот Бог на темнината Ходер да го убие прекрасниот Бог на радоста Балдер и Земјата веднаш потонала во мрак.
Денес овој страв од бројот 13, а особено од петок 13-ти се уште преовладува во многу култури. Најголем дел од зградите немаат 13-ти спрат, голем дел од луѓето не патуваат во петок 13-ти, улиците под реден број 13 едноставно се избегнуваат, па дури и некои од имињата на сериските убијци содржат по 13 букви. Вие што мислите? Дали верувате во сето ова?
Следетене на